Sunday, September 7, 2014

Честит роденден, Македонијо!

Вечерва ја изгледав монодрамата „Да се биде Македонец„ во изведба на бардот на македонското глумиште, Петар Темелковски. Тука, на интернет ги најдов текстовите врз кои е втемелена монодрамата.
http://mk.wikipedia.org/.../%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1...
Сега,
после изгледаната претстава, ми се раѓаат вакви прашања: Зарем ние, Македонците, мора да бараме потврда за својот идентитет во Библијата, или пак во 338 година пред нашата ера? Зарем не е доволно тоа што ја имаме нашата култура, нашата уметност, нашиот јазик, нашата држава? Зошто мора да одиме толку далеку во историјата за да го оправдаме своето постоење? Зошто мора да ископуваме реликти и да ги редиме на скалите пред зградата на Владата? Дали се тоа комплекси, последица на малолетност? Кој може да не обескуражи во нашата сигурност во себе?
Ние веќе постоиме. И не е толку важно географското протегање и реминисценциите за некојаси етничка Македонија и нејзините граници (затоа што етничките граници се променлива работа, народите доживуваат периоди на популација и на депопулација, државите се создаваат и се менуваат или се ништат, границите се поместуваат. Сето тоа е материјално), колку културното постоење, тоа е духовно постоење, тоа што вечерва во македонски театар ја слушав убавата македонска реч. Тоа се траги што не се бришат.

Честит роденден, Македонијо!

Saturday, June 14, 2014

Да бидеме луѓе, затоа што луѓе сме



Ова е силен излив на емоции. На место. Се бара нешто што е право на секој човек, каде и да е: правото на самоидентификација. Лесно е, само треба да му го дозволиш на  човек тоа што тебе ти е дозволено. Настрана минатото, историјата, емоциите. Правото на билокој човек е поголемо од сите толкувања на историјата. Да бидеме луѓе, затоа што луѓе сме.